Соопштение за јавност
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со своето деструктивно дејствување во Собранието продолжуваат да нанесуваат директна штета на граѓаните и државата.
ВМРО-ДПМНЕ ги блокира измените и дополнувањата на Законот за служба во Армијата со 2.000 амандмани.
Со оваа блокада ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е против олеснување на условите за пензионирање, против отпремнини за припадниците на Армијата.
ВМРО-ДПМНЕ се противи војниците, луѓе кои заштитници на татковината, кои се подготвени да го дадат својот живот, кои за целото времетраење на пандемијата со коронавирусот се дел од првите борбени редови, да имаат право на избор, се противи војниците да имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години возраст, ВМРО-ДПМНЕ е против дополнителните поволности при пензионирање.
ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржува можноста за стипендирање на дефицитарните кадри во Армијата и натамошно јакнење на капацитетите на Армијата.
Партијата предводена од Христијан Мицкоски глуми лажен патриотизам, партија која не го честиташе членството во НАТО, партија која опструираше значајни процеси во одбраната.
ВМРО-ДПМНЕ е истата партија која за целото 11-годишно режимско и деструктивно владеење недоволно вложуваше во одбранбениот сектор, партија чии погубни политики ја девалвираа Армијата.
За разлика од времето на режимот, денес, се подобруваат условите во Армијата, додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ опструираат и блокираат.
СДСМ и парламентарното мнозинство ќе ги преземат сите расположливи механизми за овие измени да бидат донесени.