fbpx

Калеска Ванчева за Јавниот сервис: Советот на ЕУ нема дилема дека Република Северна Македонија треба час поскоро да започне преговори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Добро е што конечно Советот на ЕУ нема дилема, како што и самите кажаа дека Република Северна Македонија е спремна и треба час поскоро да започне преговори заедно со Албанија, истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Објектив“ на Јавниот телевизиски сервис.

Таа во врска со одредени различни толкувања дека може има поинаков став во делот на раздвојување на државите нагласи дека ЕУ официјално сметаат дека двете држави се спремни за почеток на преговорите.

Многу е јасно и очекувано дека до јуни мора да сториме се што е можно од наша страна, да имаме вистинска дипломатска офанзива, која и покрај пандемијата со ковид не е запрена, рече Калеска Ванчева, додавајќи дека ЕУ гледа колку е значајно за регионалната безбедност да бидеме дел од европско семејство и да ги почнеме преговорите.

Секако тука е спорот со Бугарија, но сериозно кажавме дека ние немаме поинаков став, но имаме граница до каде може да се решава овој спор, истакна Калеска Ванчева.

Сите години наназад, ние наместо да ги решаваме проблемите со соседите, бидејќи тие не се од пред 2-3 години, некои имаат историски корени, се ставаа под тепих, а ние имаме пристап дека во 21 век, кога идентитетските прашања се затворени, мора да најдеме решенија, да се отвориме и да бидеме дел од Европа, рече Калеска Ванчева.

Таа нагласи дека говориме за патот кон Европа, за отворање на поглавјата 23-24 за владеењето на правото и тука е многу важно како функционира највисокиот законодавен дом.

Ако на еден закон од 30-40 члена опозицијата поднесе 2.000 амандмани, тоа не е вистински пристап дека сакаат да го подобрат законот, тоа е блокада, филибастеринг, рече Калеска Ванчева.

Таа додаде дека работата на Собранието и донесувањето на клучни закони ВМРО-ДПМНЕ ја блокира и со незакажување на комисиски седници, и тоа за четвриот и петтиот пакет економски мерки.

Имаме проблеми во функционирање на Собранието во овој состав и треба еднаш да сфатиме дека сите пратеници 120 имаме одговорност, а не во услови на ковид со опозицијата не можеме да се договориме да го измениме Деловникот, не можеме да се договориме ни да изгласаме дневен ред, нагласи пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Објектив“ на МТВ.

Последни вести