fbpx

Мислењето на Венецијанската комисија се уште не е официјално, комуникацијата на ниво на институции продолжува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

 

П1: Во јавноста излезе една драфт верзија од Венецијанската комисија во врска со Законот за употреба на јазиците, како го коментирате ова?

 

Непринципиелно е да коментираме драфт верзија, секако мора да оставиме Венецијанската комисија официјално да излезе со нејзиното мислење, потоа ќе може да коментираме. Зошто не го коментираме? Од причина што сеуште постои комуникација помеѓу институциите и Венецијалнската комисија во однос на насоките, мислењата, а со тоа се потврдува дека може да претрпи промени до официјалното објавување на нивното мислење, секако ќе оставиме простор да излезе официјалното мислење на Венецијанската комисија, потоа ќе можеме конкретно да ги коментираме нашите ставови.

 

Последни вести