Соопштение за јавност
Граѓаните на Штип масовно се одзваа на поканата за првата граѓанска трибина од караванот „На прав пат“, на која разговараа со претседателот Зоран Заев, потпретседателката Мила Царовска и претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ Благој Бочварски.
Пред присутните претседателот Заев истакан дека враќањето на парите назад кај граѓаните е правиот пат за економски раст и развој.
– Укината е радиодифузна такса за сите, воведена е евтината дневна тарифа на струјата. Но овде во Штип дополнително намалена е и цената на водата што севкупно ги намалува трошоците на домаќинствата. Со повратот на 15 отсто од ДДВ само во првите три месеци враќаме над 3 милиони евра кај граѓаните, а првото враќање ќе биде на почетокот на декември. Концептот за повеќе пари кај граѓаните е прав пат, истакна претседателот Заев најавувајќи дека во наредната година ќе следува драстично зголемување на пензиите.
Потпретседателката Царовска посочи дека воведувањето на социјалната реформа обезбеди 300 илјади семејства кои живееја на работ на егзистенција, денес да имаат пристоен живот.
– 20 илјади деца денес добиваат детски додаток, а 8 илјади образовен. Работиме посветено на извлекување на децата од детската сиромаштија ,затоа што со тоа директно влијаеме тие во иднина да основаат стабилни семејства со пристоен живот. Да, социјалната реформа е на прав пат.-рече Царовска.
Претседателот на комисијата за транспорт и врски и градоначалник на Штип, Благој Бочварски пред своите сограѓани зборуваше за досега реализираните проекти, но и за мерките што ќе се реализираат во наредниот период.
– Општината само за една година, во само едно јавно претпријатие заштеди 10 милиони денари и со нив ја намали цената на водата за пиење за 10% за штипјани, а изграден е и водовод во населбата Балканска со што граѓаните од тој дел на градот за прв пат добиваат чиста и здрава вода за пиење, порача Бочварски.
Караванот трибини „На прав пат“ продолжува низ општините во државата. Следната трибина е веќе утре во Гевгелија на која ќе учествува генералниот секретар Љупчо Николовски.
Им благодариме на граѓаните за масовно присуство. Како одговорна партија СДСМ останува со граѓаните, нивите сугестии, коментари и забелешки ќе бидат преточени во нови мерки и политики на партијата.