Прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Тимот на Христијан Мицкоски не може да понуди ништо ново што е надвор од матрицата на деструкции, блокади, насилство и поделби.
Советникот Гоце Наумоски е брат на Васко Наумовски, некогашен вицепремиер за евроинтеграции и специјален пратеник на Ѓорге Иванов, во време кога државата беше заглавена во изолација.
Александар Климовски, синот на Саво Климовски, јавно на телевизија го оправдуваше насилството на крвавиот четврток.
Гордана Сиљановска и исцелителот Лазар Јовевски се веќе видени и истрошени личности кои верно му служеле на груевизмот.
Со такви ликови, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски може да се борат само за Обнова на режимот, заробената држава и груевизмот, но граѓаните тоа нема да го дозволат.
Државата е на прав пат, а нивната идеја за Обнова на режимот и заробената држава е повеќе пати одбиена од граѓаните дури 4 пати по ред во 2016, 2017, 2018 и 2019 година. И на парламентарни и на претседателски и на локални избори, но и на референдумот.
Луѓето околу Мицковски ниту се нови, ниту се проесионални. Гордана веднаш после изгубените избори си го искажа својот национализам а со тоа и лицемерноста на нејзините тврдења дека е демократ.
Лажните преродби и потенцијалните обнови на криминалниот режим се стариот крив пат на Груевски и Мицкоски.
Членството во НАТО и ЕУ и обезбедување на повеќе пари кај граѓаните е правиот пат.