fbpx

Укинувањето на квотите обезбеди лекови на рецепт за секој ден од месецот, зборот е збор

Facebook
Twitter
LinkedIn
 
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите
Владата предводена од СДСМ, одговорно    продолжува  да ги спроведува  своите позитивни политики и мерки кои се во функција на подобрување на сите сегменти од животот на граѓаните. Еден од тие сегменти е и унапредувањето на здравствениот систем од кое бенефити ќе почувствуваат сите граѓани во земјава. 
 
Квотите на аптеките за обезбедување лекови на рецепт станаа минато, а минато се и редиците во аптеките, како и непотребното создавање резерви од лекови во домовите. Веќе од завчера (1.октомври) овие квоти се укинати, а обезбедувањето на лековите за осигурениците е на товар на ФЗОМ. Тоа значи дека лекови на рецепт ќе има во сите денови од месецот, а не само во првите, како до сега.
 
При препишувањето на лекот и неговото подигнување, пациентите покрај рецептот треба да приложат лична карта или пасош, а за децата и пациентите кои тоа не може да го сторат, лековите може да ги подигне некој друг кој ќе покаже негов  документ за лична идентификација. Со оваа мерка се обезбедуваат три важни придобивки, и тоа: редовен пристап на граѓаните до лекови на рецепт во текот на целиот месец, значително намалување на гужвите во аптеките, избегнување злоупотреби и криминал со издавање фиктивни рецепти преку контролните механизми, како и поквалитетно здравство за сите. 
 

Со тоа ефикасно се надминува деценискиот проблем со кои се соочуваа пациентите, а со оваа мерка бенефитите ќе ги почувствуваат на најдобар можен начин, но не само тие, туку и матичните лекари и фармацевтите. 
 
Ете така работи СДСМ предводејќи ја Владата на Република Северна Македонија. Ете така се мисли за сите граѓани во оваа наша земја.  Ете така се решаваат акумулираните проблеми од криминалното 11-годишно владеење на ВМРО ДПМНЕ. 
 
Продолжуваме понатаму, затоа што ЗБОРОТ Е ЗБОР
Последни вести