fbpx

Решен децениски проблем, укинати квотите за лекови на рецепт

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ го исполни ветувањето за укинување на квотите за лековите на рецепт. Граѓаните без проблеми ги подигнуваат потребните лекови од која било аптека, кој било ден од месецот, без страв дека ќе се потроши квотата.

Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт го решивме деценискиот проблем со недостиг на лекови, турканиците кај матичните лекари и во аптеките на почетокот на секој месец.

Со оваа мерка, истовремено се зголемуваат контролните механизми при издавањето на лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување и се елиминира можноста од злоупотреби и криминал преку издавање фиктивни рецепти.

Со конкретни мерки и политики во здравството докажуваме што значи вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, за подобрување на условите во јавните здравствени установи.

Го вративме достоинството на здравствените работници и постојано го унапредуваме системот за здравствена заштита.

СДСМ продолжува со спроведување на мерките и политиките што го унапредуваат здравствениот систем, се грижиме за сите граѓани.

Последни вести