Изјава за медиуми, Марина Ивановска, член на ЦО на СДСМ
Почитувани граѓани,
Локалната власт во Ѓорче Петров предводена од СДСМ и градоначалникот Александар Наумоски во континуитет инвестираат во унапредување на сообраќајната инфраструктура во нашата општина.
Во моментот се наоѓаме во село Волково каде е изграден кружен тек кој го реши долгогодишниот сообраќаен проблем на околу 2800 домаќинства или околу 13 000 жители од Волково, Кучково, Орман, Никиштани, како и на голем број граѓани кои транзитираат во овој дел.
Истовремено, започнаа градежните работи за асфалтирање на двете најголеми споредни сообраќаници кои го поврзуваат населеното место Волково со Кисела Јабука, улица 20 и улица 22 Се асфалтира должина од 2, 5 километри со што се олсенува пристапот до домовите на околу 190 семејства.
Почитувани,
Градиме за да ни се развиваат селата подеднакво како и урбаните заедници, градиме за да обезбедиме локален економски развој.
СДСМ и на локално и на централно ниво продолжува со инвестиции во изградба на нова и реконструкција на постоечката патна инфраструктура.
Посветено работиме на проекти важни за граѓаните. Продолжуваме со истата динамика во Ѓорче Петров за да биде уште подобро за нашите сограѓани.
Градиме по план и инвестираме во иднината на граѓаните