Прес конференција, Гордан Шутаров, СДММ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Христијан Мицкоски со денови молчи и не одговора на јавно поставеното прашање:
Дали тајкунот и обвинет во предмети на СЈО, Орце Камчев, ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ?
Со денови молк во белиот дворец зад мене. Не одговара ниту генералниот секретар Игор Јанушев, кој беше шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.
Што кријат Мицкоски, Јанушев и ВМРО ДПМНЕ?
Дали нивната поврзаност со Орце Камчев или нивната улога во слулајот познат во јавноста како Рекет?
Дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори се регистрирани и нотирани во Финансискиот извештај за претседателските избори?
Јавноста очекува одговори.
Благодарам.