Прес конференција на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани,
Што е тоа што Мицкоски не сака да се дознае во јавноста за случајот, во јавноста познат како „Рекет“?
Наместо да шири лажни вести, тој е должен да излезе пред јавноста и да одговори:
- · Дали Орце Камчев, тајкун излезен од режимот на ВМРО-ДПМНЕ и обвинет во предмети на СЈО, е финансиер на изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ?
- · Дали станува збор, за изборната кампања за последните претседателски избори?
- · Дали знае да одговори Мицкоски колку тоа го чинело Камчев односно неговите фирми финансирањето на изборната кампањата?
Одговор може да даде и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев како потписник на сметката на партијата.
Граѓаните, јавноста очекуваат одговори на овие прашања.