Прес конференција, Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Денеска во Собранието во процедура влегува ребалансот на Буџетот за 2019 година кој обезбедува придобивки за граѓаните.
Со ребалансот обезбедуваме 400 милиони денари за поддршка на раст на платите.
Ќе се субвенционираат придонесите од задолжителното социјално осигурување за претпријатијата кои ќе ги покачат платите на своите вработени до 6.000 денари односно до 100 евра.
Обезбедени се и 200 милиони денари за поддршка на активните политики и мерки за вработување, каде посебен фокус ставаме на младите.
Оваа мерка од една страна ја сузбива сивата економија и давањето плата во плико, а од друга страна овозможува зголемен прилив на средства во пензискиот фонд.
Почитувани,
Досегашните економски политики даваат реален и видлив резултат.
Преку бројни економски мерки, просечната плата порасна за 3,5 отсто.
Бележиме раст на БДП од над 3 отсто во првите два квартали од годинава.
Стапката на невработеност е на историски најниски 17,5 отсто.
Расте и извозот и индустриското производство.
Со ребалансот се потврдува заложбата на Владата предводена од СДСМ за насочување повеќе пари кон граѓаните и кон стопанството.
Ги повикуваме сите пратеници од сите пратенички групи, да дадат поддршка за ребалансот на Буџетот за 2019 година.
Ребалансот ќе го стимулира растот на платите, ќе обезбеди можности за отворање нови и подобро платени работни места и позитивно ќе влијае на економнскиот раст.
Како одоговрна партија продолжуваме со спроведување на мерките што обезбедуваат раст и развој и повеќе пари кај граѓаните.
Градиме силна и конкурентна економија што отвора шанси за сите.