fbpx

ВМРО-ДПМНЕ лаже-сушти, а, ако има фалсификат документи Мицкоски да се обрати кај неговиот кадар и Началник во тоа време Александар Јанев

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски упорно шират лажни вести и измислици, фрустрирани затоа што никако не успеваат да го одбранат криминалот.

Ако има фалсификат на документи тогаш Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да го обвинат нивниот кадар во Техничката Влада, началникот на Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал Александар Јанев. Кадар на ВМРО-ДПМНЕ, на Мицкоски и тогашниот министер за внатрешни работи во преодната Влада, Наќе Чулев.

Дека извртувањата и измислите на Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ се од други, лукративни причини покажува фактот што сопствениците на споменатата фирма Рубитон се во блиски роднински врски со поранешен директор на РЕК Битола од времето на владеење на ВМРО – ДПМНЕ.

Фирма која само во периодот 2015 – 2018 година од РЕК Битола наплатила над 370.000.000 денари или над 60 милиони евра за ископ на јаловина.

Никој па ниту во самото ВМРО-ДПМНЕ веќе не веруваат во лагите на Мицкоски и центарот за манипулации на опозицската партија.

Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ остануваат осамени во лагите, осмаени на браникот на криминалот.

Последни вести