fbpx

Растот на извозот и Индексот на „Херитиџ“ потврдуваат: градиме развојна економија што отвора шанси за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Кирил Колемишевски, претседател на Комисија за економија на СДСМ

 

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални, видливи резултати од кои придобивки имаат сите граѓани.

Економијата е стабилна и се движи во добар правец.

Последниот показател за успешноста на економските реформи е растот на извозот во првите седум месеци од годинава кој е за 14,5 отсто поголем во однос на истиот период од 2018 година.

Успесите во економијата се и меѓународно признати.

Според Индексот на економски слободи за 2019, објавен од фондацијата „Херитиџ“ државата е рангирана на 33 место во светот според индексот на економски слободи за 2019 година.

Со тоа, нашата држава е најслободна економија во регионот.

 

При рангирањето, Индексот зема предвид четири фактори: владеење на правото, јавното трошење, регулаторна ефикасност и отвореност на пазарот.

Нашата држава е оценета како макроекономски стабилна, а треба да се работи повеќе на фискалната политика, непродуктивните трошења и сивата економија.

Како одговорна партија сериозно ги сфаќаме и критиките на „Херитиџ“. Затоа, со политиките што веќе се имплементираат ќе се зајакне системот на спроведување на законите и подобрување на состојбите во адресираните прашања.

Почитувани,

Продолжуваме посветено да работиме на спроведување на политиките што обезбедуваат економски раст и развој, зголемена конкурентност и стопанство ослободено од политички притисоци.

Градиме развојна економија што отвора шанса за сите.

 

 

Последни вести