Прес конференција, Игор Богдановски, член на Комисија за информирање при ОО СДСМ Штип
Почитувани,
Ветивме и интензивно работиме на унапредување на целокупната инфраструктура.
После долги години, во Истокот се вложуваат сериозни суми пари за изградба на нови патишта, како и рехабилитација на старите, кои со децении беа заборавени.
Конечно го запревме хаосот создаден од 11 години дивеење на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата.
Во овој момент Владата предводена од СДСМ ги реализира историски најголемите инвестици во инфраструктурата. Се гради насекаде како никогаш до сега.
Во моментов во Истокот се работи на изградба на експресните патишта Штип-Кочани и Штип-Радовиш.
Денеска се наоѓаме на експресниот пат Штип-Радовиш, чија изграадба е со вкупна вредност од 51 милион евра. Во моментов се работи на првата фаза во должина 23 километри. Според динамиката на градежните работи се очекува изградбата да биде завршена пред предвидениот рок, во 2021 година.
Изградбата на овој експресен пат и реконструкцијата на целокупната патна мрежа значително ќе влијаат врз локалниот и регионалниот економски развој. Имено, овој експресен пат ќе придонесе за поголемо поврзување на истокот и југоистокот, со што ќе се подигне животниот стандард на преку 170.000 жители, а голема придобивка ќе имаат над 12.000 фирми кои дејствуваат во регионов.
Дополнително, во периодов што следува Владата предводена од СДСМ започнува со реконструкција и рехабилитација на 450 километри магистрални и регионални патишта. Средствата за санација на овие патишта се веќе обезбедени од буџетот на Владата и од буџетот на ЈП за државни патишта.
Исто така интензивно се работи и на подобрување на патиштата и улиците во општините. Во завршна фаза е обезбедување на 70 милиони евра преку Светска банка наменети за изградба и рехабилитација на локални патишта. Овие пари можеме да најавиме дека ќе можат да се користат веќе од следната година.
Почитувани,
Ова се само дел од досега спроведените мерки што го унапредуваат и подобруваат секојдневниот живот на граѓаните во државата.
Изградбата на нови патишта, модернизацијата на патната мрежа и зголемувањето на безбедноста во сообраќајот се врвен приоритет за СДСМ и Владата која ја предводи.