Прес-конференција на СДСМ, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувана јавност,
И денес, како и многу пати досега, на дело го гледаме лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ.
И денес, Христијан Мицковски и неговоите следбеници ќе застат во првите редови на одбраната на насилниците и криминалот.
Денешните протести на ВМРО-ДПМНЕ не се протести за ниту за правда, ниту за правичност.
Тоа се протести на кои Мицковски и неговите следбеници повторно ќе ги бранат осудените насилници, и ќе бараат нивна амнестија.
Луѓето кои на 27 април насилно упаднаа во Собранието, луѓето кои се обидоа да убијат, да одземат човечки животи и да го загрозат уставниот поредок, ВМРО-ДПМНЕ денеска ги брани нарекувајќи ги уставобранители.
Луѓе кои бараат крв, посакуваат и планираат нечија смрт, посегнуваат по нечиј живот никогаш нема да бидат уставобранители. Тоа се насилници што е потврдено и со правосилни судски пресуди.
Колку ли се големи хипотеките на Мицкоски штом мора постојано да брани насилници и криминалци?
Колкав е партиско-политичкиот долг на ВМРО-ДПМНЕ штом се во постојано заложнижтво на политиките на Мицковски?
Но, едно треба да им биде јасно дека нема да успеат да го одбранат криминалот и насилството, нема да успеат да ја спречи правдата.
Денес за секој криминален и насилен чин следува одговорност, а одговорност ќе има и за организаторите на крвавиот четврток и тоа никој нема да го спречи.