Прес конференција, Стефан Вучковски, портпарол на ОО СДСМ Неготино
Исплатени 1 милион евра за дополнителната интервентна мерка за предадено грозје на лозарите
Почитувани сограѓани, почитувани претставници од медиумите, добар ден
Агенцијата за финанскииска подршка во земјоделството и руралниот развој исплати околу 66,2 милиони денари или (над 1 милион евра ) на 6240 лозари.
Овие пари се дополнителна субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби.
Со оваа исплата се заокружува комплетната исплата на субвенции во лозарството.
Пред почетокот на новата производствена сезона исплатени се 9 милиони евра на 15.208 лозари, тоа се пари од основната субвенција за одржување на лозови насади.
Да не заборавиме дека државата во текот на 2019 година го исплати долгот, што винарските визби „Повардарие“, „Стефани“ и други регистрирани винарии го имаа како долг кон лозарите за предаденото грозје во 2014 и 2016 година.
Се исплатија 1 милион и 250 илјади евра на 2.048 лозари. Со тоа се реши еден долгогодишен проблем што ги мачеше лозарите од тиквешкиот регион.
Проблемите на лозарите пред кои претходната влас молчеше и мижеше, ние ги решаваме!
Ова е вистински пример на грижа на државата за граѓаните и враќање на парите кај граѓаните.
До денеска исплатени се 306,7 милиони евра, средства кои се вратени на сметките на земјоделците по сите програми.
Оваа влада се грижи за земјоделците, а тоа го покажавме и преку мерката зелена нафта.
До денеска наточено е гориво за земјоделска механизација со вкупна вредност од над 30 милиони денари или половина милион евра.
Знаеме дека за земјоделието има уште многу што треба да се направи, а ние сме спремни секојдневно заедно да работиме на подобрување.
Како што гледате оваа влада работи на решавање на проблемите на земјоделците.
Тоа што го ветивме, тоа и го правиме зароа што за нас зборот важи!
Ви Благодарам