fbpx

Платите ќе продолжат да растат, 400 милиони денари поддршка за компаниите за зголемување на платите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Платите ќе продолжат да растат, 400 милиони денари поддршка за компаниите за зголемување на платите

 

Прес конференција, Александар Кангалов, претседател на ОО СДСМ Штип

 

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ директно вложува во потребите и потенцијалите на луѓето и дава силна финансиска поддршка за бизнисот за отворање на нови работни места и исплати на повисоки плати во приватниот сектор и за севкупните работници во нашата земја.

 

Градиме општество на почитувани граѓани и силна економија која отвора шанси за сите. Вложуваме во луѓето, зашто за економија се најважни луѓето, односно мотивацијата и ангажманот на граѓаните.

 

Со новиот ребаланс на буџетот, обезбедуваме 400 милиони денари за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за претпријатијата кои ќе ги зголемат платите на своите вработени до 100 евра. Со оваа мерка се сузбива сивата економија и давањето плати во кеш. Со оваа мерка ќе расте приливот во пензискиот фонд, што секако претставува услов за иден раст на пензиите.

 

Градиме силна економија којашто отвора шанса за сите!

Реализирањето на оваа мерка значи нови пари насочени директно кај граѓаните и значително зголемување на платите во приватниот сектор.

 

Оваа мерка најпрво има една цел: да им овозможи на компаниите да даваат поголеми плати и со тоа да ги мотивираат вработените и да го препознаат трудот и потенцијалот, а за тоа ќе им помогне државата. 

Предвидено е мерката да трае три години, до октомври 2022 г., а нејзината мерка да започне во октомври годинава, со што е очекувана и предвидена во ребалансот исплата за ноември и декември.

Предвидени се и дополнителни 200 милиони денари за активни мерки за вработување и самовработување на младите и така создаваме дополнителен мотив за тие да останат во земјата, како и да се задоволи побарувачката на работна сила во производството.

 

Почитувани,

 

Одличните економски резултати што ги постигнавме го покажуваат ефектот: бројот на вработени лица е зголемен за 5.3% односно за 39 илјади и 500 лица во првиот квартал 2019 година во споредба со првиот квартал 2018 година, при што најголем раст на вработеноста има во преработувачката индустрија, транспортната и информатичката комуникациската дејност.

 

Потсетуваме дека претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја задолжи државата со 840 милиони евра за непродуктивно трошење. 

Негативните ефекти од претходното расипничко работење ги отстрануваме. Напредок е можен само ако нема политички калкулации и криење. 

 

Ние носиме храбри одлуки, за подобра иднина на нашата земја.

Последни вести