fbpx

Пораките од нашите партнери, САД и ЕУ се јасни, правната држава мора да функционира, ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за ЈО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на сценарио Република Северна Македонија да не добие датум за преговори со ЕУ. Токму затоа не сакаат СЈО да продолжи со работа и се противат на носењето на Законот за Јавно обвинителство.

Го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се огради од Никола Груевски, лидерот во сенка на партијата и да престане да работи по негови инструкциии.

СЈО мора да продолжи да постои, режимот кој е зад нас остави длабоки последици врз државата. Ако Мицкоски е за право и правна држава, тогаш нека се извини за сите злодела кои претходното раководство на партијата ги правеше врз државата.

Целокупната јавност, меѓународната заедница, сите порачуваат дека времето на политички игри е завршено. Сите пораки од САД и ЕУ се јасни, правната држава мора да функционира.

 

Ако навистина е за правда, ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за ЈО за да се зајакнат капацитетите на правната држава.

Пораките се јасни: САД силно ја поддржуваат Северна Македонија во реализацијата на своите стратешки цели – полноправното членство во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ. Северна Македонија постави пример во решавањето на политичките прашања и отворањето на подобри перспективи за своите граѓани.

Дури и специјалниот претставник на САД, за Западен Балкан, Метју Палмер повтори дека правната држава мора да функционира, а времето на партиските игри и обиди да се избегне одговорноста е завршено.

Местото на Северна Македонија е во НАТО и ЕУ јасно порача Палмер.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ е против СЈО затоа што нивните претходници мора да одговараат за криминалите кои ги правеа на штета на граѓаните.

Но, бегство од правдата нема да има. Секој за кого низ судска постапка ќе се докаже дека го прекршил законот, ќе одгововара за своите постапки и тоа нема да зависи од неговата верска, етничка или политичка припадност.

 

 

Последни вести