Изјава за медиуми, Саше Унчевски од СДММ
Почитувани,
Истражувањата на јавното мислење се јасни: СДСМ е водечка политичка опција која ќе победи на изборите кога и тие да се одржат.
Јавноста, граѓаните, ги препознаваат испорачаните резултати, на граѓаните им е важна економијата стабилноста, борбата против криминалот и иднината во ЕУ и НАТО.
Затоа, како одговорна партија работиме токму на овие теми од суштинска важност за граѓаните и државата.
Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во темното минато на режимот.
Во скапоцениот дворец, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, брани криминал, не сака да добиеме датум за почеток на преговори и свесно ги кочат реформите.
Во опозициската партија немаат платформа, немаат програма што е во интерес на граѓаните и државата.
Наместо решенија за граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ се посветени единствено на лажните вести и деструктивното однесување.
ВМРО-ДПМНЕ има шанса да покаже дека навистина се за правда и правна држава и тоа конкретно со дела.
Во интерес на правдата и граѓаните, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да допринесат Законот за Јавно обвинителство што е значаен чекор за зајакнување на правната држава да се донесе.
Во спротивно, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш ќе потврдат дека не сакаат правна држава, дека се против владеење на правото и единствена цел им е да ги заштитат тајкуните и криминалците.
Почитувани,
Како одговорна партија, остануваме со граѓаните за да работиме во нивен интерес. Продолжуваме со спроведување на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст, реформи во институциите, градење неселективен правен систем и целосна интеграција на државата во ЕУ и НАТО.