Прес конференција на СДСМ, Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ
Почитувани,
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште имаат шанса да покажат дека навистина се за правда и неселективно владеење на правото.
Ги повикуваме да дадат придонес да се донесе Законот за Јавно обвинителство.
Да докажат со дела, а не само со зборови. Да дадат придонес сите кои ги прекршиле законите да одговараат.
Без разлика за кого се работи.
Покажавме дека никој не е недопирлив.
Системот функционира и ќе има правда.
Во спротивно, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш ќе потврдат дека се единствена цел им е да ги заштитат тајкуните и криминалците на режимот.
Како одговорна партија, СДСМ останува со граѓаните да работи во нивен интерес.
Продолжуваме со спроведување на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст, реформи во институциите, градење неселективен правен систем и целосна интеграција на државата во ЕУ и НАТО.
Изминатите две години се пример за домаќинско, одговорно и транспарентно работење.
Институциите им служат на граѓаните и го слушаат гласот на граѓаните.
Сосема спротивно од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа го потврдуваат и анкетите.
Политичката опција предводена од СДСМ има најголема доверба меѓу граѓаните.
Државата е на вистински пат.
На граѓаните им е важна економската стабилност, борбата против криминалот и извесната иднина во ЕУ и НАТО.
Затоа, како одговорна партија работиме токму на овие теми од суштинска важност.
Владата предводена од СДСМ ги реализира историски најголемите инвестици во инфраструктурата, од независноста до денеска.
Се инвестира преку 850 милиони евра во проекти во патната инфраструктура.
Се градат и мостови, гасоводи, водоводи, канализациски системи низ целата држава.
Повеќе не се трошат стотици милиони евра на барок, стиропор, жални врби и палми, промашените проекти за патишта.
Денес медиумите се слободни.
Нашата држава постојано напредува во правата и слободите на новинарите и медиумите.
Продолжуваме да се бориме со лажните вести, користејќи ја вистината. Нема веќе затворање на новинари и медиуми.
Денес, над 10.000 стечајци добиваат месечен надоместок.
Ја вративме евтината тарифа на струјата.
Мининмалната плата порасна на 12.500 денари, а социјална помош расте за 300 проценти.
Додека ние испорачуваме резултати во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се заглавени во темното минато.
Бранат криминал и шират лажни вести. Во последново немаат конкуренција, најдобри се.