Изјава за медиуми, Горан Герасимовски, претседател на ОО Центар
Продолжуваме со модернизација и збогатување на неискористени и запоставени јавни површини на територија на Општина Центар.
Благодарение на Град Скопје и градската власт, просторот пред Олимпискиот базен во Центар, кој со години беше неискористен е уреден со нови содржини и претворен во ново место за спорт, рекреација и дружење на граѓаните.
На површина од 1.690 квадратни метри, го изградивме првиот PUMPTRACK парк, наменет за вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите.
Полигонот е изграден според сите тандарди за безбедна спортска активност.
Поделен е на два дела, за деца и за возрасни, а ќе можат да го користат и почетници и професионалци, но и лица во инвалидски колички.
Почитувани граѓани,
Чекор по чекор, го реализираме ветеното.
Работиме посветено за подобри услови и поквалитетен живот на нашите граѓани.
За нас, зборот важи!