Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со штанцање на лажни вести, невистини и вештачки креирани случаи, во отсуство на вистински идеи и мерки.
Уште една голема лага во низата невистини е и поврзаноста на службените притворени лица од Министерството за транспорт и врски со барањето на мислење од Државното правобранителство за компанијата Тополки .
Притворените лица кои ги наведува ВМРО-ДПМНЕ се дел од друг судски случај и нема никаква врска со наведеното.
Диктирање пресуди и монтирање случаи беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа време заврши , денес партиите не водат истраги, не одредуваат притвори.
Денес законите важат за сите подеднакво, а институциите работат независно, професионално и во служба на законите.
Ги поддржуваме надлежните институции да работат во интерес на правдата и сите отворени предмети, вклучително и конкретниот за кој лаже ВМРО-ДПМНЕ да бидат целосно расчистени.
Секој за кој низ судска постапка ќе се докаже дека сторил кривично дело ќе одговара без разлика на неговата верска, етничка или политичка припадност.