Изјава за медиуми, Љупчо Недески, советник во Советот на општина Аеродром
Почитувани граѓани,
Општина Аеродром предводена од СДСМ и градоначалникот Златко Марин покажа дека грижата за најмладите е еден од нејзините врвни приоритети.
Општината континуирано инвестира во изградба на нови и проширување на веќе постојните капацитети на детските градинки.
Имено, деновиве беше пуштена во употреба новата детска градинка „Буба Мара“ во Ново Лисиче, со капацитет за згрижување од двесте деца.
Овој современ објект со сите неопходни стандарди ги обезбедува најсовремените услови за згрижување и престој на деца од предучилишна возраст.
Новата градинка се состои од 8 занимални со сопствени санитарни јазли и кујна, со вкупна површина од 1.500 квадратни метри.
Средствата за оваа градинка од околу 40 милиони денари ги обезбеди Општина Аеродром.
Со овој објект градинката „Буба Мара“ доби двојно поголем капацитет за згрижување, со што ќе се задоволи реалната потреба на семејствата во Ново Лисиче.
Во наредниот период ќе се изградат уште две нови градинки. Едната во дворот на училиштето „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, а другата кај постојниот објект на детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.
Почитувани,
Владата на СДСМ, покрај што ги зголемува згрижувачките капацитети, го враќа и достоинството на воспитувачките и негувателките. Платите на стручниот кадар во градинките ги зголеми за 16%.
Постојано вложува во раниот детски развој којшто е клучен за напредокот на секое дете.
За нас зборот важи!