Пет недели труење во Гостивар – Мицкоски ниту еднаш не отиде, оди на одмор

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Веќе пет недели граѓаните на Гостивар се трујат.

Водата не е безбедна за пиење. Луѓето стојат во редици за пластични шишиња.

Деца, стари, болни – сите се соочуваат со основен проблем: чиста вода.

Отруена е и болницата, пациентите се префрлени во друг град. Има епидемија на жолтица, нема лекари и медицински техничари.

Во тие пет недели премиерот Христијан Мицкоски не се појави ниту еднаш во Гостивар.

Не само што не дојде.

Тој замина на годишен одмор.

Единственото што го направи во овој период беше да го нарече сопствениот народ „талог“ и да продолжи со кампања на поделби и сеење омраза – по методите на Ванчо Михајлов и Александар Вучиќ.

Додека граѓаните пијат вода од шишиња и чекаат да престане труењето, премиерот е на одмор и ја напаѓа сопствената јавност.

Ова е односот на оваа власт кон луѓето.

Кога има лента за сечење – доаѓаат. Кога има криза што ги погаѓа обичните граѓани – исчезнуваат и напаѓаат.

Пет недели.

Ниту една посета.

Годишен одмор.

И кампања против сопствениот народ.

Тоа е сè што треба да се знае за приоритетите на Мицкоски и на организираната криминална група ВМРО.