fbpx

Остварено уште едно предизборно ветување – Чиста вода за населба Балканска

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Станка Арсовска, членка на Комисија за информирање при ОО СДСМ Штип

Почитувани сограѓани,     

Како одговорна политичка партија, ги исполнуваме ветувањата што ги дадовме пред граѓаните.

Во овој момент локалната власт предводена од СДСМ ги реализира историски најголемите инвестици во инфраструктурата и потребите на граѓаните.

Жителите во населба Балканска со децении немаа чиста вода за пиење. Потсетуваме: никој од ВМРО-ДПМНЕ во единаесетте години, колку што беа на власт и во над четири илјади денови владеење не се заинтересира да им го реши овој проблем на тукашните жители. Тоа не го стори дури ниту пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ кој е во својот трет мандат во Собрание на Република Македонија, а живее токму во оваа населба.

Но, одговорното и домаќинско работење на локалната власт предводена од СДСМ ги санира штетите и овозможува конечно вода од градскиот водовод да пристигне и во населба Балканска, а на задоволство на сите овдешни жители.

Реализирано е едно од главните предизборни ветувања дадени од нашата опција во предизборната кампања за локалните избори во 2017 година.

 

Чиста и здрава вода за Балканска е капиталниот проект којшто е во целост реализиран.

Во домовите на жителите на населба Балканска сега тече чиста и здрава вода, со што тие повеќе не се изложени на ризик од заразни болести, како што тоа беше случај во минатото, кога пред пет-шест години голем дел од тукашното население се зарази од жолтица.

Заради сериозниот и одговорен пристап од власта предводена од СДСМ, тие пропусти веќе се во минатото и таму и ќе останат.

Локалната власт предводена од СДСМ инвестираше 300.000 евра за оваа водоводна линија, со што донесе водоводна линија во Балканска преку која се овозможува проток на вода од 10 литри во секунда. На жителите на населба Балканска им овозможивме квалитетна и чиста вода за пиење којашто е за 10% пониска од цената на техничката вода за којашто досега плаќаа на приватник.

Локалната власт предводена од СДСМ продолжува да реализира проекти кои се од интерес на граѓаните.

Ги решаваме проблемите на граѓаните и работиме во нивен интерес.

За нас зборот важи!

 

 

Последни вести