Прес конференција, ОО СДСМ Демир Хисар
И во Демир Хисар во полн ек е подигањето на картиците за зелена нафта. Опфатени се повеќе од 500 земјоделци коии имаат поднесено единствено барање за субвенции во изминатава 2018 год., за житни, поледелски и градинарски култури.
Интересот кај земјоделците е голем и ја поздравуваат оваа мерка на Владата.
Веќе се подигнати половина од картиците, а денес во просториите на подрачната единица на Министерството за земјоделие во Демир Хисар, беа доделни неколку од картиците на земјоделци од страна на советниците на Општина Демир Хисар, претседателот Благоја Станојоски, советникот Никола Димитриовски и раководителот на подрачната единица, Демир Хисар, Владимир Крстевски.
Мерката за субвенционирана нафта, за прв пат се воведува од оваа година со единствена цел да се олесни производството на земјоделците.
Оваа мерка ќе придонесе за значително намалување на производствените трошоци, што за земјоделците ќе значи поекономично производство и поголеми приходи.
Она што го ветуваме го исполнуваме!
#ЧекорПоЧекор #ЗборотВажи
Приоритет ни се интересите на граѓаните. Продолжуваме и понатаму посветено да реализираме предвидени владини мерки според потребите на граѓаните.