fbpx

Потребата од носење на Законот за ЈО е суштинска и во интерес на воспоставувањето на правната држава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Медиуми: Во однос на промените во СДСМ, и давањето на шансата на младите, како од владејачката партија се коментираат обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека токму ваквите промени во СДСМ се наводно поврзани со случајот „Рекет“ и евентуалн инволвираност на високи партиски функционери? 

Она што го знаеме за каква било инволвираност ќе ви одговорам во две фази на вашето прашање прво на претпоследниот Централен одбор на партијата донесовме Декларација за бескомпромисна борба против корупцијата, во тој аспект повикуваме да надлежните институции го расчистат до крај случајот и се утврди вина за сите којшто го прекршиле законот, немаме никаква намера да штитиме било кој за кого во транспарентна постапка ќе се утврди дека го прекршил законот, вклучително и за членови и на СДСМ. Но на ниту еден можен начин, тоа не може да го поврземе со промените којшто се случуваат во СДСМ и ќе се случуваат затоа што нашата намера е јасна, промените се сосема нормална појава за една демократска партија каква што е СДСМ и тие на ниеден начин не можат да бидат поврзани со било која афера што се случува во државата или би се случила.

Медиуми: Премиерот Заев вчера најави дека денеска продолжуваат работните групи за Законот за Јавното обвинителство, зошто денеска нема среда и кога се планира да има средба?

 Очекувањата беа дека денеска ќе продолжат разговорите помеѓу преговарачките групи од партиите, немам инфорамција кога би се одржала денеска средбата и на кое место. Очекуваме како партија и јасно апелираме дека на првата седница по завршувањето на одморите на пратениците, ќе биде Законот за Јавното обвинителство. Суштинска е потребата од носењето на еден таков закон, а се во интерес на воспоставувањето на правната држава во Република Северна Македонија. Очекувам дека сите мои колеги пратеници дека ќе се издигнат навистина над партиските интереси и во функција на правото, правната држава и секако во интерес на граѓаните со консензус да го донесеме Законот за Јавното обвинителство.

Медиуми: Дали е возможно во скоро време да имаме работни групи во врска со Изборниот законик и Законот за попис?

Очекувањата се како што најавувавме, да има континуитет во разговорите во однос и на Законот за попис, секако и за Изборниот законик, доколку имаме било какви детали вие медиумите навремено ќе бидете запознаени.

 

Последни вести