Изјава за медиуми на СДСМ, Зоран Заев, претседател на СДСМ
Почитувани,
Прво дозволете преку вас медиумите да соопштам она што беше од информативен карактер на ЦО согласно нашиот статут на партијата, а тоа е дека утре ќе доставам предлог до Собранието за пополнување на неколу испразнети места и едно место коешто го испразнуваме поради преминување на друга фунцкија, утре ќе доставам предлог за нов министер за финансии, Нина Ангеловска.
Ќе доставам и нов предлог за нов заменик министер за образование и наука, Елизабета Наумовска, ќе доставам предлог за разрешување на за заменик министерот за економија Кире Наумов, којшто ќе оди да биде директор на Македонската Банка за поддршка и развој и на негово место за заменик министер за економија да дојде Кире Колемишевски и ќе предложам заменик министер на новото министерство за политички систем и односи со заедниците Неџат Мехмедовиќ.
Сакам да испратам порака прво дека се добива шанса за бошњачката заедница преку учество на позицијата заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците, се работи за млад кадар, перспективен кадар и преку него сакаме да испратиме порака за младите луѓе, да работат, да се трудат, да бидат препознаени, еве државата, владата, општеството ги препознава и дава сериозни шанси за раководни функции.
Исто така и Кире Колемишевски и Елизабета Наумовска, сериозна порака стручни луѓе коишто можат да дадат сериозен придонес и во економијата и во министерството за образование и наука, а секако и преку кандидатот за министер за финансии Нина Ангеловска, којашто е еден од оснивачите на Групер.мк, добитник на Форбс 30 млади луѓе, која е на 30 години, млад човек кој е и доктор на науки од УКИМ, којашто познат млад човек Република Северна Македонија ширум целиот регион па дури и пошироко во светот.
Пораката е, млади, работете, ангажирајте се, бидете видливи, борете се во оваа наша земја еве и високите позиции се достапни за сите граѓани. Јас верувам во нејзиното 8 годишно искуство да биде оснивач, да направи едена вакава преспективна компанија во модерните технологии којашто дефинитивно е препознаена не само дома, туку во целиот регион и пошироко, ја испраќа пораката дека навистина вреди да се заземете дома, токму дома, а не надвор од Македонија, а секако општеството знае да препознае и да даде шанса секој да се вгради низ институциите на системот и да придонесе во севкупниот раст, развој, осовремување и модернизирање на целокупното наше општетсво и нашата земја.
Сакам исто така да споделам со јавноста одуката којашто ЦО денеска ја донесе, а тоа е одлука да се изберат 5 потпретседатели на СДСМ. За потпретседатели се избрани Мила Царовска, актуелен министер за труд и социјална политика, Коста Петров, којшто е нов меѓу нашите редови, Оливер Спасовски, актуелен министер за внатрешни работи, Мухамед Зеќири, актуелен пратеник во Собранието на РСМ, Дамјан Манчевски, актуелен министер за информатичко општество и администрација.
Преку Коста Петров, којшто е нов меѓу нашите редови, којшто е млад човек и е поканет денеска е во ЦО и истовремено е избран за потпретседател на СДСМ со сериозно образование, човек докажан, исто така ја испраќаме пораката дека е еден од примерите како може да се засукаат ракавите, да се направат напори да се успее во нашата земја. Ја даваме шансата да се вгради во највисоките политички структури, со своето искуство, да помогне во делот и на менаџментот и на маркетингот да го помогне СДСМ, заради тоа што веруваме дека ако партиите ги менуваме, ако станеме отворени и продолжиме да бидеме отворени за квалитетни луѓе од надвор, дека тоа ќе даде придонес на самите политички партии кои според мене, раководството на СДСМ и ЦО е предуслов за подобро, за промени кон подобро за севкупната наша земја.
Избравме исто така и претседател на новоформираната Комисија за едно општество за сите, а тоа е актуелната пратеничка Ѓулумсер Касапи, којашто е искусна жена, доаѓа од образованието, работела со многу млади луѓе од сите етнички заедници пренесувајќи го своето знаење низ образованиот процес, искусна е во политичките структури и верувам дека ќе даде многу сериозен придонес во постапките понатаму.
Секако ЦО донесе одкула за проширување на комисискиот состав како помошни тела и за нова Комисија за спорт којашто дефинитивно ќе почне со постапка за конкурс за кандидирање кадешто ќе следува и избор за нов претседател на ваквата комисија.
Претходно на ИО ги структуиравме секретаријатите на самите комисии, донесовме правилници, почавме постапка за избор на координаторки на форумот на жени на општинско ниво, за општински координаторки на жени и одредени други одлуки беа донесени, секако и за регионалните координаторки на жени, но и регионалните координатори на СДСМ во 6те изборни единици. Деталите ќе ги соопшти прес центарот за нивните имиња, бидејќи сите се докажани активисти на СДСМ и се главно помошно тело на генералниот секретар на партијата.
И секако ЦО го почнавме со актуелните политички случувања. Тоа е пракса, секогаш ЦО да почнува со таква точка. Актуелните политички случувања нормално се тие што ја преокупираат јавноста а токму тоа е случајот којшто е отворен од страна на Обвинителството за организиран криминал, за рекет, корупција, криминал и слично, и уште еднаш ги реафирмиравме сите наши одлуки, декларации, резолуции што СДСМ ги има донесено, а се составен дел од нашиот статут и уште еднаш со гордост потврдуваме, дека сме горди што како извршна власт овозможивме услови независниот правосуден систем полноправно да работи и да се бори за враќање на правната држава и враќање на правото. Секој кој се огрешил пред законот треба да одговара, создаваме услови навистина преку вакви предизвици, затоа што тоа е предизвик за сите земји, еве го сега предизвик и за нас да покажеме во суштината дека Република Северна Македонија се менува. Се менува со тоа што никој повеќе не прави влијание или притисок ниту врз обвинители, ниту врз судии.
Тие носат саостојни одлуки, како обвинителите, така и Судиите и веруваме во презумцијата на невиност, но и веруваме во исправноста, независноста со силата на аргументите и доказите да се докажуват постапките за можен криминал на секој кој евентуално се огрешил пред законот.
Јас верувам дека тоа се исправни чекори, вакви случаи што навистина се мачнина и тешкотија за сите во општеството се и предизвик. Истовремено, тие постојат во многу земји, постојат и кај нас.
Прашњето е како извршната власт, но и пред се и над се, правосудната власт се справува со нив, јас гледам дека Северна Македонија и граѓаните ќе излезат победници, со тоа што ќе потврдат дека функционира системот, дека секој си ја врши својата работа и дека секој кој се огрешил пред законот ќе одговара.
Порака е до сите, немојте да го кршите законот, без разлика на која позиција сте, без разлика што сте во општеството, без разлика кој сте, дали сте политички обоени, во секој случај законите во државата владејат и ќе владеат.
Одговори на новинарски прашања, Зоран Заев, претседател на СДСМ
Медиуми: Што ќе правите со Садула Дураку, какви ви се односите со ДУИ во овој дел и околу партискиот дел, таму гледаме дека ги нема Ременска, каде тие воопшто згрешија? Споменавте политичко дистанцирање попладнево.
Ако некој биде осомничен, под истрага, секако партијата ќе се постави принципиелно, како што се поставува и до сега. Затоа што, при носењето на нашите одлуки со нашиот живот, со нашето работње, некогаш може и да згрешиме. Јас верувам дека нема грешни високи функционери на Социјалдемократскиот сојуз. Но, исто така охрабрувам, без разлика на кого се однесува, можност со поврзаност со криминал и корупција да биде истражено до крај. Заради тоа што, за тој што се огрешил, треба да биде потврдено, но истовремено и на тој што името е извалкано, треба да биде обелено. Верувам во вакви процеси, од уште посериозно значење заради тоа што, само вистината, со словото на аргументите и доказите ќе го потврди тоа што граѓаните го очекуваат. Односно, за грешка, кршење закон, се одговара, а за секој оној кој што е посочен за одредена вина низ доказната постапка исто така има шанса да докаже невисност.
Одлуките се донесени од порано, во однос на кадровските решенија, дел од овие луѓе се функционери во нашите органи во партијата, кои што ги спомнавте. Продолжуваат да бидат составен дел на органи на функционирање, на Централниот Одбор, Извршниот Одбор и највисоките органи на партијата.
Со господинот Дураку имаме одлична соработка, тој е потпретседател на Владата. Соработката со ДУИ е на највисоко ниво, имаме стекнато голема доверба, но секако имаме и луѓе во партиите кои што се различни. Без разлика на добрите коалициски односи, без разлика на значајните заеднички ресурси, посветеност и имплементирање на владина програма, исполнување на нашите стратешки цели, како што е интеграцијата и слично, секој пат без предрасуди знаеме да ги коментираме слабостите на било кој на претставниците од политичките партии во коалицијата.
Медиуми: Господине Заев, зошто Кирацовски и Ременски не се помеѓу старо-новите потпретседатели на партијата?
Знаете дека мандатот на сите поранешни функционери заврши, во период кога одлучивме да се реорганизираме во партијата. Секој од нив учествува во органите и телата на партијата. Реков, тие се членови на Централниот Одбор на партијата, Фросина Ременски е член и на Извршниот Одбор на партијата.
Нормално е, очекувањето на граѓаните да биде да се возобноват дел од органите на партијата.
Имаме градоначалници кои се исто така преокупирани со извршната власт и треба да ја работат, како што е Шилегов, Благоја Бочварски, од поранешните. Фросина Ременски е Потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија, така што јас верувам дека овие нови освежувања се во духот на тоа што Социјалдемократскиот сојуз, отсекогаш го работел, доволно примамлив за нови кадри, но истовремено, и ние да бидеме фокусирани кон мотивација на нови кадри.
Само така ќе ја менуваме партијата кон подобро и само така ќе бидеме попривлечни за поддржувачите на кои што буквално се продаваме преку нашите политики, барајќи ги нивните гласови за поддршка.
Медиуми: На снимката која што ја објави италијанскиот новинар, Бојан Јовановски, Боки13, зборува дека ќе ве менаџирал, за да не се лутите, кога ќе бил Камчев ослободен. На кој начин ве менаџираше?
Нема такво менаџирање. Никогаш не сум разговарал на таа тема со г-динот Бојан Јовановски, и тоа на неколку пати до сега го коментирам. Целосно го отфрлувам и на било каков начин, да постоеле разговори со Бојан Јовановски на тема Орце Камчев, Катица Јанева или било што, што досега претставува индиции за незаконски дејствија.
Медиуми: Кога последен пат сте имале средба со Вучиќ и што сте разговарале, со оглед на тоа дека тој, пред околу две недели изјави дека ве предупредил во врска со бомби, италијански луѓе, како што вели тој, за што сте разговарале и за што ве предупредил?
Последен пат со Претседателот на Република Србија имав средба пред можеби месец ипол, два на пуштањето на автопатот Коридор 10, каде што буквално беше приредена и вечера со Претседателот Вучиќ во Предејане.
Разговаравме на многу теми, регионални и слично, но не разговаравме на таа тема.
Медиуми: Тој во изјава вели дека сте разговарале и веќе ве предупредил на тоа?
Ќе го прашате него, кога тоа ме предупредил. На последната средба како што ми го поставивте прашањето, не разговаравме на таа тема.
Медиуми: Имате ли решение за наследник на Катица Јанева?
Значи во делот на она кое што го слушнав преку медиумите, од страна на Државниот Јавен Обвинител, апсолутно го сфаќам, ги консултирав правниците во Социјалдемократскиот сојуз, но и Министерот за правда во Владата. Дефинитивно, треба да се реагира брзо, согласно законите, да се постави вршител на должност на СЈО. Но, самото тоа е уште една причина, за сите нас политичарите и за власта и за опозицијата, и за пратениците од македонската, албанската, бошњачката, туркста, влашката и сите други заедници во државата, поскоро да го донесеме Законот за ЈО. Јас сум информиран дека се прават напори, утре веќе, работните групи, помеѓу СДСМ и ВМРО=ДПМНЕ да продолжат со работа. Ги охрабрувам да продолжат брзо со работа, заради тоа што идната седница, во вторник Парламентот почнува со работа, Законот е веќе пуштен, деновите се броени, и верувам дека треба на крајот да ги покажеме нашите ставови преку одлуките за Законот за ЈО. Законот за ЈО и досега имаше причина зошто да биде донесен, не подоцна од 15 септември, тогаш истечува мандатот на Катица Јанева. Првата прилика е заради тоа што е Закон за ЈО, тоа е пола од правосудството во државата и треба да го има, значи важно е за граѓаните и за државата.
Вториот дел е за да не оставиме било каков аргумент на земјите членки на Европската Унија кога ќе донесат одлуки за отпочнувањето на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ, а тоа е некаде средината на октомври, иако во Извештајот никој не го бара тоа од нас, ние треба да покажеме дека продолжуваме со работа, и еден ваков сензитивен закон имаме капацитет како држава да со институциите во Парламентот да го донесеме, и еве секако трета причина, СЈО е обезглавено во моментот, затоа што е одредена мерка притвор на шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, тоа се причини повеќе, институциите на системот да продолжат да работат. Јас, како претседател на најголемата политичка партија во државата и премиер, влегувам во разговори со пратениците, редот е со консензус да го донесеме овој закон, апелирам до ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со СДСМ, апелирам и до СДСМ, тоа и го дадов како инструкции, да ги приближат своите ставови во изнаоѓањето на решението, но и ќе разговорам со сите политички партии и веќе разговарам со голем дел на претставници на политичките парламентарни групи и претставници на парламентот кои што се во нашата земја за обезбедување на дво-третинско мнозинство, но истовремено апелирам Советот на јавни обвинители, да постапува согласно закон, заради тоа што, само ќе напоменам, како што се толкувањата овде, правните советници со кои што јас работам и Државниот јавен обвинител се бира во парламентот. После разрешувањето на обвинителот Зврлески, а пред изборот на обвинителот Јовески, Советот на јавни обвинители поставил вршител на должност – Републички јавен обвинител. Соодветно на ова, законот не забранува да биде поставен вршител на должност Специјален јавен обвинител, секако се надевам за неколку дена ако треба, заради тоа што нашата надеж е дека треба низ законско решение, со консензус, сите застанати да го донесеме Законот за јавното обвинителство преку кое што се дава иднина на Специјалното јавно обвинителство.
Медиуми: Најавивте од Собрание мерки околу компаниите и фирмите во однос на придонеси?
Јас сум многу среќен до каде сме дојдени со анализите, секако, чекаме парламентот да се врати, да работиме на законското решение, овие денови ги искористивме да ги исконсултираме петте комори во државата и имавме прилика да разговараме со претприемачите и претставниците на компаниите, разговаравме за минималната плата, разговаравме за нови мерки кои што имаме намера да ги донесеме, односно, го поминавме тој консултативен процес, сите ќе ги кажат своите ставови. Јас сум среќен за позитивната оддек, среќен сум што мојата, Вашата, нашата земја смогна сили и има капацитет за вакви мерки, следува убав период на тема економија за државата, ќе одржиме посебни прес-конференции, ќе ги најавиме во детали мерките и ќе повикаме граѓаните да ги следат. Кога прашувате за економија, среќен сум што јули месец, се реализира една од економските мерки – „Мој ДДВ“ преку што дополнително во буџетот се слеани 920 милиони денари, значи некаде повеќе од 15 милиони евра , тоа дава резултат и апелирам до граѓаните да продолжат да ги скенираат фискалните сметки. Во разговори со кандидатот за Министер за финансии, таа е уште поамбициозна, веројатно ќе најави и новини околу ваквите мерки, кои што дополнително треба да ги мотивираат граѓаните, односно, само уште еднаш потврдувам – ова е драгоцен и неповторлив период за нашата земја и за нашите граѓани. Треба да го искористиме максимално за дигање на економскиот стандард, за јакнење на економијата, затоа што тоа се случувало и во Бугарија, Романија, Хрватска кога биле во ваков период, а сега се случува во Република Северна Македонија. Ако испраќаме пораки на политички консензус, ако работиме сите посветено, граѓаните исто така даваат поддршка на самите општествени процеси, верувам дека државата со уште позабрзано од посакуваното темпо ќе се движи во постигање на повисок економски стандард за сите.
Медиуми: Италијанскиот новинар најави нови бомби во кои што наводно, според него и Вие сте директно инволвирани, а е во врска со македонското здравство и некои набавки, инволвирани сте Вие, Министерот за здравство Филипче и директорот на Фондот за здравство?
Тоа како да беше Христијан Мицкоски во еден фејсбук статус. Кој и да е, било какви докази да има, апелирам да ги објави. За било кој, прво за мене, па после и за сите. Ако постојат докази за инволвираност за незаконско однесување нека се објават секаде. Тоа го заслужуваат граѓаните за било кој, еве и мене ме спомнувате, ако е за Зоран Заев, веднаш да ги објават. Дали е италијанскиот новинар, дали е господинот Мицкоски, апелирам да објават. Нека се објават сите докази, индиции и било што да постои, заради то што на крајот, слободата, правото ги носат сите овие можности кои што секоја земја се труди да ги овозможи кога е слободна, кога се разговара, кога јавно се објавува, тоа го помага севкупното стегнување на сите општествени процеси и зајакнување на државата.