fbpx

Градиме по план, се реконструира булеварот Крсте Петков Мисирков во двата правци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Абдурахман Халими, ОО СДСМ Чаир

Почитувани сограѓани,

Општинската власт во соработка со Град Скопје постојано работи на реконструкција и санација на значајните сообраќајници во општина Чаир.

Во моментов се работи на реконструкција на булеварот Крсте Мисирков кај Бит-пазар. Реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков опфаќа должина од 1.350  метри во двете насоки, а претставува дел од интензивните градежни активности на Град Скопје за подобрување на сообраќајната инфраструктурата.

Градежните работи се изведуваат со засилено темпo, булеварот се асфалтира непрекинато и во вечерните часови со цел брзо и рекордно завршување на градежните активности.

Подобрувањето на патната инфраструктура е елементарна потреба и во полза на нашето квалитетно движење и подобрување на условите за живот.

Градската власт предводена од Социјалдемократскиот сојуз и градоначалникот Петре Шилегов продолжува со исполнување и реализација на дадените ветувања, но и останува целосно фокусирана на развој и унапредување на инфраструктурата во општина Чаир.

Продолжуваме понатаму со исто темпо во создавање и изградба на безбедна патна инфраструктура.

Последни вести