Изјава за медиуми, Александар Велјановски, Претседател на ЛК СДММ, Гази Баба
Почитувани граѓани,
Власта предводена од Социјалдемократскиот сојуз продолжува со исполнување и реализација на дадените ветувања.
Со поддршка на Владата започнавме со реконструкција и проширување на патниот правец Хиподром – Илинден кој долги години беше оштетен и пред се небезбеден за учесниците во сообраќајот.
Транспарентно ги известуваме граѓаните дека овој сериозен проект чини 6 милиони денари, средства кои се обезбедени од Владата и општините Гази Баба и Илинден.
Овој значаен инфраструктурен проект го решава прашањето на безбедноста и квалитетното поврзување на овој дел од градот.
Проектот опфаќа целосна обнова на асфалтот како и проширување на патот за уште една коловозна лента во должина од 2 км
Дополнително, со поставувањето на тротоарски површини од 2000м квадратни овозможуваме целосна безбедност на пешаците од овој регион.
Почитувани, работиме посветено и плански во решавањето на наследените инфраструктурни проблеми на нашите граѓани.
Продолжуваме со исто темпо во создавањето и изградбата на безбедна патна инфраструктура.
За нас зборот важи и така ќе продолжиме и во иднина.