Соопштение за јавност
Машината е во погон и запирање нема. СДСМ е со граѓаните и за граѓаните, даваме отчет за сработеното, за илјадниците сработени проекти и го слушаме гласот на граѓаните што е тоа што треба да го вградиме во новите политики и во новите победнички програми за локалните избори, со овие зборови генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски им се обрати на прилепчани на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“.
„На сите анкети сме фаворити, затоа што го нудиме најдоброто, затоа што имаме концепт, визија, проекти и кадровска понуда. Во изминатиот период одржавме државни но и партиски лекции. Покажавме како се реформира, модернизира, демократизира една партија и како се бранат интересите на граѓаните. Ние направивме први Дигитален конгрес и постојано сме со граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ не смее да се соочи ниту со сопственото членство. Први започнуваме и со оваа теренска активност, да дадеме отчет за сработеното но и да го слушнеме гласот на граѓаните. Ние сме први во промените а ВМРО-ДПМНЕ остана заробена, изолирана партија без идеи и политики“ рече Николовски.
Генералниот секретар рече СДСМ го засилува присуството меѓу граѓаните, со над 1.000 маалски средби во секое место, граѓански трибини, активности од врата до врата.
„Имаме што да кажеме, особено за она што сме го сработеле на локално и централно ниво. Кога зборуваме за најдоброто нема подобро место од Прилеп, од одлучен храбар и борбен Прилеп.“ рече Николовски.