Соопштение за јавност
СДСМ поставува нови стандарди, СДСМ постојано го слуша гласот на граѓаните, цело лето ќе бидеме со граѓаните и покрај трибините „Најдоброто за нашата општина“ ќе одржиме 1.000 маалски средби, за да дадеме отчет и да ги слушнеме граѓаните, порача генералниот секретар
Љупчо Николовски на денешната трибина во Прилеп.
„Денеска во Прилеп се реализираат проекти кои не биле реализирани по 20, 30 па и повеќе години. Затоа е битен гласот на граѓаните, да ги слушаме нивните потреби, затоа продолжуваме да градиме патишта, да градиме мостови, да ги реализираме ветувањата пред граѓаните.
Не градиме споменици, нема расипничко трошење на парите на граѓаните, туку инвестираме и во човечкиот капитал, во зголемување на плати и пензии, во изградба на нови градинки и училишта“ порача генералниот секретар.
Николовски повика граѓаните да останат на патот што носи развој на општините и носи напредок на државата.
„Да го продолжиме тој пат, да го продолжиме овој силен инвестициски циклуси, да не скршнуваме од овој европски пат и после членството во НАТО да продолжиме кон ЕУ, тоа е можноста за подобра иднина на сите граѓани, на сите генерации. Овој караван нема да престане,
затоа што ние сме фаворити. Во октомври ќе забележиме уште една голема победа и во Прилеп и низ целата држава“ заклучи Николовски.