fbpx

Мицкоски побегна од лидерска средба и пропушти шанса да разговара за изборниот законик, пописот и Законот за јавно обвинителство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

 

Медиуми: Имајќи предвид тоа што го слушнавме сега, мерките што ги претставивте и оние кои се донесени, личи на предизборие, вчера лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ излицитира два датуми, крајот на април и крајот на мај. Претходно, премиерот Зоран Заев, претходно кажа дека можни се избори во октомври 2020 и пак можни се одредени отстапки?

Убаво го поставивте прашањето, навистина е чудно кога цели 11 години, претходната криминална власт, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски реализираше мерки, исклучиво пред избори, популистички, со цел, на тој начин да придобијат некакви гласови од граѓаните. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, оваа влада предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и Зоран Заев, се грижи секогаш, дури и надвор од изборен период, што треба да биде пракса, за оваа но, и за сите идни други влади да ги спроведува мерките и политиките кои што се од интерес на граѓаните и вон изборен период. Таква е и мерката за враќање на 15% од данокот за додадена вредност, таква мерка се и картичките за зелена нафта, каде што земјоделците ќе добиваат дури за 30 проценти поевтина нафта за потребите на земјоделската механизација, но такво е и зголемувањето на социјална помош од 300 проценти, која што ќе ја добиваат случаите на кои што им е навистина неопходна помошта и поддршката од државата. Такви се и многу други мерки кои што ги реализираме. Дел од нив ги напоменав, кои се изреализирани само во минатата недела, но многу сериозно и одговорно најавуваме и дополнително нови мерки, кои што ќе бидат од интерес и на граѓаните и на државата.

Во однос на изборите, знаете дека опозицијата бараше избори што поскоро, па сега моли бога да не ги добие. Знаеме дека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера лицитираше со некои датуми април-мај. Се надеваме дека во рамки на демократска атмосфера ќе се случат разговори помеѓу политичките партии и ќе се одреди термин за евентуални предвремени парламентарни избори. Знаеме дека периодот кој што ни следува, почнувајќи од октомври, оптимисти сме и веруваме дека ќе добиеме датум и ќе започнеме преговори со Европската Унија и ќе се отвори она прво поглавје. Знаеме дека до крајот на годината ќе влеземе и ќе станеме 30-та земја членка на НАТО и сето тоа се потврди кои што треба да ни бидат мотив, да продолжиме со политиките кои што ги спроведува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

 

Медиуми: Во моментов, опозицијата и власта, како предуслов за избори го вклучуваат законот за Јавно Обвинителство, пописот, но и изборниот законик. За изборниот законик слушаме најмалку дебати. Имате ли разговори, кои се точките на разгледување помеѓу власта и опозицијата? Кој е вашиот став во однос на 5тата изборна единица, и до каде се тие преговори?

Знаете дека Христијан Мицкоски буквално побегна од лидерска средба, која што беше убава можност да се отворат повеќе прашања, меѓу кои се и законот за Јавно Обвинителство, законот за попис, избирачкиот законик. За жал, сите бевме сведоци, дека буквално Христијан Мицкоски побегна од лидерска средба, веројатно треба него да го прашате зошто побегна.

Во однос на избирачкиот закон, работните групи се состануваат. Од она што го знам, луѓето кои се во преговарачките тимови, разговорите одат во добра насока, од она што сум запознаен дека во периодот кој што ни следува, ќе се отвори прашањето за изборниот модел, ќе се отвори прашањето за преференцијалните листи кои што имаме намера да ги спроведеме, и секако, треба да имаме предвид, дека тие разговори се водат под надзор и во согласност со членови од ОДИХР.

 

 

Медиуми: Како вие би сакале да изгледа изборниот законик?

Наша програмска определба е дека треба да имаме една изборна единица, дека треба да имаме отворени листи, што всушност претставува и преференцијалниот избор. Секако, знаете дека тоа е наша програмска определба, но треба да имаме предвид, дека треба да наидеме на консензус во рамки на Собранието. Јас се надевам дека сите политички чинители, ќе го имаат предвид подобрувањето на изборниот законик, воопшто во државата и сите ќе се заложиме да изнајдеме консензус околу тоа прашање.

 

Медиуми: Опозицијата ве обвинува дека имате во план да земете уште 500 милиони евра кредит? Дали е тоа вистина, како информација? И колку е ова во согласност со тоа што премиерот пред да стане премиер ја обвинуваше тогашната владеачка партија дека зема многу кредити и ги задолжува граѓаните, а во овој момент кога сеуште има пари во буџетот кои не се потрошени на капитални инвестиции да се земаат нови 500 милиони евра?

Одлично прашање, СДСМ дури бил опозиција обвинувал дека тогашната криминална власт на ВМРО-ДПМНЕ се задолжува по енормно високи и би рекол лихварски каматни стапки. Имајте во предвид дека ВМРО-ДПМНЕ ја задолжи државата само во една транша на една обврзница на околу 10% каматна стапка, знаете и треба тоа добро да го имаме во предвид дека до 2021 година треба ние граѓаните заради лошите финансиски политики кои ги предводеа претходната криминална власт на ВМРО-ДПМНЕ треба да вратиме близу 1 милијарда евра по основ на долгови и камати ако спордиме сега со она што ние, како ние ги земаме договите можете да приметите една солидна разлика која што се јавува во однос на каматните стапки, а тоа е, ако ВМРО-ДПМНЕ се задолжувал по каматна стапка од 10%, СДСМ со политиките во однос на финансиското работење коишто ги водиме земаме многу поволни кредити со каматна стапка од 2,7%, секако треба да имаме во предвид дека парите коишто ги трошеше ВМРО-ДПМНЕ, 350.000 евра за жални врби, 500.000 евра за огради на мостови, близу една милијарда евра потрошени на споменици, тие пари не се пари од џебот на Никола Груевски, тоа се пари на граѓаните, тие обврски ние треба да ги сервисираме, е сега може да направите суштинска разлика ако земале долгови со каматна стапка од 10% и сега ако се срвисираат долговите со каматна стапка од 2,7%, секако знаете дека во моментот низ државата се работи на 90 патни правци дел од тие се со кредитирање, дел од нив не се, за новиот клинички центар, замислете само доколку сите тие пари близу една милијарда евра не се потрошеа на споменици и проектот Скопје 2014, на барокни фасади, стиропорни фасади, споменици, замислете какви ли се проекти ќе бие реализирани во Република Северна Македонија, за жал ние не можеме да го вратиме времето назад, но секако со прогресивни и домаќински политики можеме да го спречиме трендот на такво задолжување пришто граѓаните ќе треба дополнително за земените пари да вратат дополнително пари по основ на камати, затоа еве и фактографски ви кажувам со факти, дека имаме сериозно намалување во однос на каматната стапка. Дел од средствата се трошат за гасификација, дел од средствата се трошат за клинички центри и другите капитални инвестиции коишто ги реализираме согласно програмата и согласно буџетот на Република Северна Македонија.

 

Медиуми: Се враќаме на првото прашање, за изборите, се чини дека денеска со вашава изјава СДСМ ретерираат во однос на разговори за предвремени парламентарни избори, ако до минатата недела беше октомври, сега велите ако седнат да се договорат може да се разговара, дали ќе чекате октомври и онаа препорака од ЕУ, па тогаш да седнете на маса за предвремени избори, и дали станува збор за ретерирање кај СДСМ?

СДСМ никогаш не ретерирал во своите ставови, тоа не го правиме ни сега. Наш принципиелен став од она што значи изјави на претседателот Зоран Заев е дека кога сме ја добиле довербата од граѓаните, мандатот треба да се истера 4 години како што си е тоа според законот, за жал имаме опозиција таква каква што е, од неразбирливи причини на секој можен начин пробува да го оцрни сето тоа што е сработено во интерес на граѓаните, на секој можен начин се обидува да ја блокира ЕУ и НАТО интеграцијата на Република Северна Македонија, на секој можен начин пробува да ја узурпира правдата во Република Северна Македонија во обид да си ги заштити криминалците којшто 11 години буквално ги срушија темелите, а ние повторно треба да ги поставуваме во државата, во тој однос ние стоиме на располагање, затоа што за воља на вистината тоа е нашата опозиција каква што е, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, и ние немаме друга опозиција со којашто можеме да разговараме согласно усвоените мандати во Собрание.

 

Медиуми: Ќе чекате октомври за седнување на маса со нив?

Имавме можност да седнеме на лидерска средба да ги отвориме сите прашања, нормално да ставиме акцент и фокус на прашањата којшто се од суштинско значење за државата и граѓаните, а тоа се секако законот за Јавното Обвинителство, затоа што навистина имаме намера и сериозно се залагаме да профункционира правната држава во Република Северна Македонија, за жал имавме можност сите ние граѓаните на Република Северна Македонија да видиме како Христијан Мицкоски брутално и буквално побегна од лидерска средба а се со цел одбрана на криминалите на Никола Груевски, нормално по насоките од него што ги добива од Будимпешта.

 

 

Последни вести