Соопштение за јавност
Како партија и на централно и на локално ниво, секој ден се бориме да создадеме подобри услови за живот дома и само така може да успееме, порача потпретседателката Мила Царовска на денешната трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Кочани.
„Ако до пред четири години зборувавме за долгови во образование, денеска зборуваме за инвестиции во образование. Само овде во Кочани за четири години општината инвестирани се 90 милиони денари во образованието. Тоа се инвестиции во инфраструктура, инвестиции во образованието, затоа што ако не инвестирате во образование, вие сте заборавиле да инвестирате во иднината на државата“ порача потпретседателката Царовска додавајќи дека младите не можат да се задржат дома само со флоскули, туку за тоа се потребни реални цели и проекти.
Царовска посочи дека сите реформи што СДСМ ги прави во образованието и другите сфери се со цел младите да останат во државата и тука да градат иднина.
„Она што денеска го правиме во образованието изгледа тешко, но го правиме транспарентно и демократски, затоа што сакаме нашите деца, нашите ученици да стекнат знаења и вештини, да бидат конкурентни на светскиот пазар, а не да ја напуштаат државата, туку нашата економија да ја придвижат кон подобро“, порача Царовска, додавајќи дека СДСМ останува со граѓаните, за подобри општини за подобра држава и подобра иднина дома.