fbpx

Секој кој има било какви индиции за сторен криминал тоа да го пријави во надлежните институции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

 

Медиуми: Имате ли коментар за пишувањата на Геровски за вмешаност на “Меѓународен сојуз” со случајот “Рекет”?

Во оваа држава едно нешто е со сигурност загарантирано. Тоа е слободата на говор, слободата на изразување. Тоа можеме да го видиме и низ призмата на колумните. Секако, не можеме да се базираме на пишани колумни и со тоа, од партијата, од СДСМ, или без разлика од било која друга партија, да даваме соодветни коментари. Јас апелирам и повикувам доколку има било какви индиции, за прекршување на закон, за сторен криминал, соодветно да се пријави во надлежните институции за гонење на криминал. Доколку има, наш принципиелен став, како Социјалдемократски Сојуз на Македонија, дека ќе се оградиме, доколку во транспарентна постапка се утврди било каков сторен прекршок, секако дека ќе постапиме согласно законот и нормално, партиски, согласно Статутот на нашата партија.

Медиуми: Колку што знаеме и вие бевте во тој “Меѓународен сојуз”, има ли некаква поврзаност со криминал, како што пишува Геровски?

Во тој тој “Меѓународен сојуз” како невладина, хуманитарна организација, сум бил учесник како почесен член, но добро е да се напомене дека таму членувале и поранешниот Амбасадор на Велика Британија, г-динот Чарлс Герет, таму членувал и нашиот познат кошаркар, Владо Илиевски, и многу други личности, за кои јас ве уверувам, дека во тоа време, не сме имале никакви индиции, дека некој од основачите на меѓународниот сојуз се обидува да стори криминал. Апсолутно го отфрлам сето тоа, а дополнително, доколку има било какви индиции, стојам на располагање на институциите кои што се надлежни.

 

Медиуми: Имавте ли информации за некаква идеја за градење на тој дом за пензионери, старечки дом во Битола?

Од активностите на “Меѓународен сојуз”-Скопје, сум бил присутен на основањето и на уште еден состанок организиран од“Меѓународен сојуз”-Скопје. Од тогаш па натаму, не сме биле свикани ниту на еден состанок и јас не сум во тек, како почесен член, можеби од таа причина и не сум присуствувал на ниту еден друг состанок, ниту пак знам какви активности се договарале во рамките на невладината “Меѓународен сојуз”-Скопје.

Медиуми: Се споменува вмешаност на членови на СДСМ, високо раководство. Планирате ли нешто да превземете?

Веројатно дека ова е сомнеж. Јас ги повикувам надлежните институции до крај да ја спроведат целата постапка, во транспарентна постапка. Доколку се утврди било каква одговорност, и од наш член, секако дека сме подготвени согласно и Декларацијата која што донесовме на последниот Централен Одбор и ја потпишавме како Социјалдемократски Сојуз, апсолутно цврсто стоиме на ставот за бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот. Без разлика дали станува збор за член или функционер на СДСМ.

 

 

Последни вести