fbpx

Цветковски: Обезбедени се средства за изградба на новиот Клинички центар, историски најголема инвестиција во здравството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Влатко Цветковски, советник од редовите на СДСМ, општина Ѓорче Петров

Почитувани граѓaни, почитувани новинари,

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на клучните мерки од Програмата што се во интерес на државата и граѓаните.

Обезбедени се 500 милиони евра, средства за изградба на Клиничкиот центар кој ќе се гради на територија на општина Ѓорче Петров.

Станува збор за најголема гринфилд инвестиција во македонското здравство. По повеќе од 80 години, Скопје добива нов, модерен клинички центар.

Според информациите на Министерството за здравство во наредниот период ќе биде распишан тендер во кој во пакет ќе бидат вклучени проектот, изградбата, опремата и обуката на персоналот.

Новиот Клинички центар кој ќе биде сместен на локацијата Веле Поле во Ѓорче Петров ќе се гради на површина од 105.000 квадратни метри и ќе пружа интегрирани здравствени услуги за сите граѓани.

Оваа историска инвестиција ќе обезбеди унапредување на здравството, подобри услови за работа на лекарите, поголема грижа за граѓаните, но позитивно ќе влијае на развојот на Општина Ѓорче Петров.

Почитувани,

Како одговорна партија остануваме посветени на реализација на мерките во интерес на граѓаните. Вложуваме во здравството и обезбедуваме ефикасен здравствен систем.

 

 

Последни вести