Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ може да се премачкува со сите можни бои, во реалноста, тоа е партија која работи на штета на интересите на граѓаните и државата.
И сто слогани да ископираат од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не можат да излезат од режимската матрица и одбраната на криминалот.
Мицкоски не може да понуди ништо ново, се е веќе видено и прочитано од граѓаните.
Граѓаните одамна го прочитаа неискрениот, нечесен и неодговорен однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, затоа редовно ги казнуваат на избори, затоа и последните анкети покажуваат дека им следува нов пораз на локалните избори.
Се што знаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е да шират лажни вести, да блокираат и да работат на штета на државните и националните интереси.
Затоа уште долго ќе останат во опозиција и ниедно пребојување нема да им помогне.