Прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани
Антонио Милошоски ја злоупотреби говорницата во Собранието и пратеничките прашања, за да шири лажни вести со што го наруши угледот на Собранието и меѓународниот углед на државата.
Дезинформаторот Милошоски се промовира како најголем извор на лажни вести и дезинформации.
Лагите на Антоинио Милошоски дека наводно бизнисмен бил рекетиран и барал помош во амбасадата на Белорусија во Белград и официјално беа демантирани од Почесниот конзулат на Република Белорусија во Република Северна Македонија.
За неговите лажни тврдења, во официјалното известување од Конзулатот јасно е наведено дека „се што беше искажано од собраниската говорница се едноставно лажни вести“.
Но, ваквото срамно, неодговорно и недостојно однесување на Милошоски не се случува за првпат.
Јавноста памети дека претходно, Милошоски лажеше дека дури седум земји членки на ЕУ биле против да ги започнеме преговорито со Унијата, што беше експресно демантирано од високи претставници на ЕУ.
И тогаш, како и сега Милошоски не покажа ниту грам одговорност и воопшто не се извини за изнесените лаги.
Со тоа и тогаш и сега Антонио Милошоски покажува дека свесно и намерно шири лажни вести што се на штета на угледот на државата, на штета на интересите на граѓаните на Република Северна Македонија.
Дезинформаторот Милошоски не е достоен да ја извршува функцијата пратеник и мора веднаш да поднесе оставка.
Уште еднаш се потврди дека единствената понуда на ВМРО-ДПМНЕ се лажни вести, дезинформации и конструирани случаи против интересите на државата и интересите на граѓаните.