fbpx

Сите знаат каков беше односот на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите, денес слободата на говор се унапредува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање

 

Медиуми: Кој е вашиот став на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека со новиот план за одлучна акција против ширење дезинформации, всушност вршите цензура на медиумите и новинарите?

 

Апсолутно не станува збор за никаква цензура, нашите политики во однос на слобода на говорот, можат да се видат и низ призмата на извештаите на Репортери без граници, каде што Република Северна Македонија има отскокнување за 15 позиции кон позитива.

Тоа укажува на третманот на оваа Влада предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија со коалицијата, кон медиумите, кон новинарите.

Не може ВМРО-ДПМНЕ, кое што затвораше медиуми, не може ВМРО-ДПМНЕ, чиј што лидер и поранешен премиер беше и главен уредник во вестите, да зборува за новинарството. Таму каде што не можеше правеше притисок.

Знаеме, а вие новинарите најдобро знаете, каков беше односот за време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, кон новинарите и кон медиумите.

 

 

Последни вести