Прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани новинари, почитувани граѓани,
Христијан Мицкоски уште еднаш покажа и докажа дека бега од правда, штити криминал и намерно ги кочи реформите што се во интерес на граѓаните и државата.
Барањето за целосно расформирање на СЈО и обвинителите од СЈО да не преминат заедно со случаите кои ги водат во јавното обвинителство јасно значи одолговлекување на постапките коишто ги води СЈО.
Потврдата за намерата Владимир Панчевски да биде прв човек на новото Јавно обвинителство дополнително зборува за нечесните намери на ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во процесот на градење ефикасно јавно обвинителство.
ВМРО-ДПМНЕ постојано измислува и ќе измислува нови барања и опструкции се со цел законот да не се донесе, а правдата да се избегне.
Станува совршено јасно дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од независен, ефикасен и неселективен јавнообвинителски систем.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски мора да престанат со политичките игри.
Мора да покажат конструктивност во носењето на реформските закони, во моменти кога граѓаните, целото општество и нашите стратешки партнери со право повикуваат на одговорност.
Реформите во правосудството се важни за граѓаните, државата и напредокот во евроинтеграциите.
Од реформите нема да се откажеме.
Со Мицкоски или без Мицкоски, реформите во правосудството ќе продолжат.