fbpx

Лукаревска од трибината „Најдоброто за нашата општина“: Не скршнуваме од процесот наречен ЕУ, за нас нема друга алтернатива

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ е постојано на терен, постојано со граѓаните, не само тука во Гевгелија, туку и во секое населено место, во сите маала кадешто разговараме со граѓаните и од вас ги црпиме идеи, го слушаме вашиот глас и заедно го создаваме најдоброто за сите, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Гевгелија.

За младите даваме иднина и перспектива, за пензионерите повисоки пензии, за работниците повисок стандард и покачени плати, а сите сме горди граѓани на земја членка на НАТО, интегрирана по европскиот пат, порача Лукаревска, изразувајќи благодарност до нашите сојузници САД, Германија, Франција, Португалија и сите други влијателни земји членки на ЕУ кои ја разбираат нашата позиција и ни даваат поддршка веднаш да ги почнеме преговори со ЕУ.

– Наша единствена алтернатива е ЕУ, продолжуваме директно не скршнуваме од реформскиот процес наречен ЕУ и не смееме да дозволиме да победат оние што имаат скепса кон овие политики, кои сакаат да скршнеме на сосема друг колосек, нагласи Лукаревска.

Заменик претседателката Лукаревска посочи дека СДСМ го држи победничкиот ритам во државата, а дека овие локални избори ќе покажат дека најдоброто допрва доаѓа.

 

 

Последни вести