Соопштение за јавност
На граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Гевгелија заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска посочи дека за разлика од лицемерниот однос на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ се однесува искрено кон граѓаните и нуди концепт што води напред, што е сериозна и јасно воочлива разлика.
За разлика од претходната власт, која избрка 630.000 граѓани од државата, и потроши 630 милиони за Скопје 2014, за позеленети споменици, СДСМ се грижи за сите граѓани подеднакво, истакна Лукаревска.
Не смееме да дозволиме да се враќаме назад, СДСМ нуди напредок ВМРО-ДПМНЕ блокади, ние нудиме раст и развој, тие уназадување, СДСМ нуди искрен пристап, ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни, СДСМ гради еднакво општество за сите, ВМРО-ДПМНЕ градеше општество за богатење поединци, СДСМ води напред ВМРО-ДПМНЕ влече назад, нагласи заменик претседателката Лукаревска.