Одговор на новинарско прашање,
Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
Медиуми: Став околу СЈО и најавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека подготвува нов закон за Основното јавно обвинителство вклучувајќи го и СЈО, нормално?
Наш принципиелен став е и она на кое што сме силно посветени и работиме како Влада и секако како владејачка партија е владеење на правото и воспоставување на правната држава. Во исто време кога опозициската ВМРО-ДПМНЕ предлага закони, предлага решенија, измени на закони коишто се во однос на амнестија на криминалот направен од сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, претходната власт, секако дека тоа за нас е неприфатливо. Амнестија на криминалци, амнестија на криминали не прифаќаме.