Одговори на новинарски прашања
Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ
Скопје 15.04.2019
Медиуми: За преговорите за СЈО извесно е дека е во статус кво и двете страни не се поместени оние точки на коишто претходно беа веќе некое време, гледате ли некаков излез што може да е крајниот ефект од сето ова има ли најава за некоја нова средба?
Неколку пати одговарам на ова прашање, ние како одговорна политичка партија СДСМ е спремен за разговори, знаеме колку е важно да се донесе законот за јавното обвинителство коишто е согласно европските критериуми, согласно насоки од ЕУ. Секако морам да напоменам дека имаме јасно определени критериуми, а тоа не смее никако да оди на штета на правната држава, туку напротив законот за јавното обвинителство треба да биде во функција на самата правна држава, за жал од она што можеме да го слушнеме од страна на преговарачките тимови е тоа дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека јасно и недвосмислено бара амнестија за сите криминалии на претходната власт, тоа ќе повторам како одговорна политичка партија, како одговорни политичари во Република Северна Македонија нема да го дозволиме. Мислам дека е време и апелирам и Гордана Сиљановска-Давкова да покаже дека навистина се залага за воспоставување на правната држава да седне да поразговара со Христијан Мицкоски и да го донесеме овој закон за специјалното јавно обвинителство со консензус, само така навистина можеме да ги удриме темелите на едно вистинско демократско општество во Република Северна Македонија.
Медиуми: Што имаше во предлогот што викендов ВМРО-ДПМНЕ го достави СДСМ?
Јас ќе ве упатам кај преговарачите што се во тек со овие преговори кои што разговараат со опозициската ВМРО-ДПМНЕ да деталите ги добиете од таму.