fbpx

Кирацовски: До сега, над 25 илјади граѓани се потпишаа за кандидатурата на Стево, благодарни сме за силната поддршка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб
Битола, 07.03.2019

На половина час пред затворањето на подрачните канцеларии на ДИК, за кандидатурата на Стево Пендаровски потписи дале над 25 илјади граѓани низ целата наша држава.

Благодарани сме на силната поддршка.

Кандидатурата на заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски е единствена којашто е поддржана од 25 илјади граѓани, над 60 пратеници и 30 партии.

Повторно се обединивме за Стево, за нашиот пат, за иднината и напредокот.

Граѓани, партии, пратеници, сите заедно одиме со Стево, кон нова победа.

За граѓаните, за иднината, за нашата држава.

Последни вести