fbpx

Кирацовски: Граѓаните силно одговорија, дадоа јасна поддршка, за неколку часа собрани речиси 20 илјади потписи за Стево, одиме заедно!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ,
Битола, 07.03.2019

Почитувани
Од овде, од мојата Битола, сакам со задоволство да изјавам дека граѓаните силно одговорија на јавниот повик за потпис, за поддршка на нашиот Стево Пендаровски.

Граѓаните денес ширум нашата држава излегоа и дадоа потпис за нашиот кандидат за претседател на нашата држава.

Од Охрид до Берово, од Тетово до Паланка, од Битола до Скопје и Куманово, граѓаните масовно ја дадоа својата поддршка.

Сакам да истакнам дека во историјата ова е единствената кандидатура за претседател на државата којашто е поддржана практично од над 20 илјади граѓани, над 30 политички партии и 60 пратеници.

И Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, сите етнички заедници, сите заедно се обединија околу Стево.

Ова обединување, оваа силна поддршка, силно заедништво навестува каков ќе биде изборниот ден на 21 Април.

На граѓаните на нашата држава потребен им е вистински претседател, претседател кој гледа напред кон перспектива и ќе ја води државата кон ЕУ и НАТО.

Со еден збор, на нашата држава, на граѓаните, потребен им е Стево Пендаровски.

Одиме сите заедно со Стево, партии, пратеници, граѓани, сите заедно, одиме кон една голема победа за доброто на нашата држава и за иднината на идните генерации.

Последни вести