Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во дебатната емисија на 24 анализа, на телевизија 24 се осврна на повеќе економски теми.
Се уште плаќаме евтини ресурси во споредба со другите земји. Струјата и нафтените деривати се меѓу најевтините кај нас, рече Битиќи, додавајќи дека зголемувањето на да речеме на цената на струјата треба да се гледа во споредба со растот на животниот стандард.
Тој појасни дека сметка за струја од 1.500 денари во минималната плата од 9.000 денари, во времето на ВМРО-ДПМНЕ учествувала со 20%, а денес во минамалната плата од 15.240 денари учествува со 10%, исто така на сметка од 1.500 денари од просечната плата во 2016 година отпаѓале 8%, а денес тој процент е намален на 5%, поради растот на просечната плата.
Ние го подобруваме животниот стадард, а ако некој е против народот подобро да живее нека му служи, разликата е суштинска, рече Битиќи, наместо „Ало Миле“ , градиме правна држава.
Што е поголем грев, да им исплатиш на тутунарите 2 денари помалку субвенција од она што го побарале или да блокираш изградба на мобилни болници, јас им се извинувам на тутунарите, но не можам да им се извинам на оние што починале, или што е поголем грев, да се воведе еколошка такса, со која граѓаните ќе живеат подобро во поздрава животна средина или шест месеци да блокираш антикризни мерки во собранието, рече Битиќи.
Јас не се кријам, немам хациенда, ниту планирам да заминам во Будимпешта, но правам инвестициски план, во каква држава граѓаните треба да живеат по 7 години, нагласи Битиќи, додавајќи дека планот меѓудругото предвидува 3,2 милијарди евра инвестиции во енергетика, 2,7 милијарди евра во патна и железничка инфраструктура, 800 милиони ерва инвестиции во преработувачката, како и вложувања во здравството, комуналната инфраструктура итн.
Се срамам да кажам дека по 4 години на власт 31% од територијата на државата е покриен со канализациска мрежа, но уште повеќе би се срамел да кажам дека по 12 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ со канализации било покриено само 17%, истакна потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата 24 анализа на ТВ24.