fbpx

По години уназадување, индустријата бележи највисок раст во последните седум години и се движи во добар правец

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција,
Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
Скопје, 17.02.2019

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Презедовме одговорност да испорачаме сериозни резултати во економијата, реформите и интеграциите.

Низа на позитивни економски показатели потврдуваат: економијата е раздвижена и стабилна, платите растат, се зголемуваат инвестициите.

Според официјалните податоци, индустриското производство во 2018 година бележи раст од 5.4 отсто. Тоа е највисок раст во последните 7 години.

За споредба, во 2012 година на пример, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, индустријата била во загуба од -2.5 проценти.

Јасна е разликата, по години уназадување и стагнација, индустријата конечно бележи значителен раст и се движи во посакуваниот правец на напредокот.

Исто така бројот на работници во индустријата во 2018 година е за 5,9 отсто повисок во споредба со 2017 година.

Дополнително охрабрува тоа што покрај индустриското производство, расте и прометот во индустријата кој во декември 2018 година бил повисок за 6,1 отсто, во однос на декември 2017 година.

Заклучокот е дека успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и придвижувањето на државата кон НАТО и ЕУ, даваат видливи, реални резултати.

Тоа е добра основа за посакуваниот резултат: силна економија, шанса за сите и подобар животен стандард на нашите граѓани.

Седнувањето на масата во НАТО, на нашето столче во Алијансата, рамо до рамо со најмоќните држави од демократскиот свет, дополнително ќе ги поттикне овие позитивни економски текови.

Освен загарантирана безбедност НАТО значи повеќе инвестиции, нови работни места, зголемен извоз, повисоки плати, повеќе пари во семејствата.

СДСМ е одговорна, државотворна партија која работи исклучиво во интерес на државата и граѓаните.

Ние вака даваме придонес за нашата татковина и иднината на граѓаните.

Последни вести