Соопштение за јавност
Денешната Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ е најобична фарса.
Антизападниот Христијан Мицкоски сам го одбира неговиот кандидат или кандидатка. Денеска е само официјализацијата.
Тоа го потврдуваат и информациите објавени во дел од медиумите блиски до опозицијата, според кои, на конвенцијата е преполовен бројот на делегати кои се ибрани лично од Мицкоски.
Останува јавноста да види дали некој од кандидатите јавно ќе се огради од деструктивните, анти НАТО и анти ЕУ активности и политики на Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов.
Во најмала рака, граѓаните очекуваат оградување од ставовите и осуда на говорот на омраза и поделбата на граѓаните
Скопје, 16.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА