Соопштение за јавност
Ѓавочанова на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Во овие 4 години постигнавме многу, ВМРО-ДПМНЕ останува синоним за блокади и опструкции
Пратеничката на СДСМ Драгица Ѓавочанова на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Валандово се осврна на она што е ветено и реализирано во изминатите 4 години.
Во овие 4 години, да бидеме искрени и реални , иако поминавме низ еден тежок период обележан со пандемија непозната за сите нас, поставивме високи стандарди на транспарентно и одговорно работење , но и постигнавме многу, истакна Ѓавочанова, додавајќи дека во општините со кои раководи СДСМ во изминатиот период целосно се реализирани над 4550 проекти, од изборните програми во 2017 година а тек на реализација се над 2300 проекти.
Ѓавочанова особено ги нагласи мерките и политики што СДСМ ги спроведува за унапредување на образованието, истакнувајќи дека за првпат наставниците се вреднуваат онака како што заслужуваат, околу 40000 редовни студенти од октомври ќе добиваат финансиска поддршка во висина од 2400 денари месечно за субвенциониран студентски оброк, доделени се 2200 стипендии за ученици во средното стручно образование од септември оваа година во месечен износ од 3.500 денари.
Конечно, после месеците блокада, изгласани се промените во законот за работни односи кои се однесуваат на пензионирање на 64 год возраст со 15 год стаж за жени и мажи, а од 1ви октомври реализираме уште едно предизборно ветување – со закон неделата се прогласува за ден за неделен одмор, рече пратеничката Ѓавочанова.
Од друга страна е ВМРО-ДПМНЕ, синоним за блокади и опструкции, го блокираат Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, изградбата на нов Клинички центар, предлог законот за служба во АРМ и ред други, нагласи Ѓавочанова
Таа ги повика граѓаните да ги искажат сите забелешки и предлози за работењето на локалната и централна власт за заедно да го испорачаме најдоброто за локалните избори за следните 4 години.